„Кралот“ Лазаров во „лов“ на седмата фајнл-фор завршница

314

Кирил Лазаров или Дејан Манасков, само еден од нив ќе биде на фајнл-фор завршница во Келн. Кој ќе успее да завери билет за Келн, ќе биде познато денеска (18:45 часот), Нант е гостин на Веспрем во рамките на реванш мечот во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Во предност е тимот на Лазаров. На првата средба францускиот тим одигра одлично, на ѕвездите на Веспрем им одржа вистинска лекција, па на реваншот влегува со позитива од четири гола (28-32).

Селекторот и капитенот на нашата најдобра репрезентација беше клучниот играч во серијата на Нант. Лазаров има големо искуство кога станува збор за ваквите мечеви, а доколку францускиот клуб успее да се завери билет за Ф4, за него ќе биде број седум. Трипати учествуваше со Барселона, по еднаш со Нант, Суидад Реал и Атлетико Мадрид.

На другата страна Манасков и Веспрем ќе бараат нов пласман во Келн и нова шанса за посакуваната титула. Последен пат во финалето на Ф4 играа во 2019 година, но тогаш Вардар дојде до тронот.

На втората средба, Барселона е домаќин на Мешков Брест. Каталонскиот гигант има позитива од четири гола.

ПретходноВидеолотарија Касинос Австрија со ваучер донација во вредност од 50.000 евра за Академија Пандев
СледноПетар Петковски пред потпис со Докса