Ако е некое изненадување на списокот на Ангеловски за ЕУРО, тогаш веројатно тоа е Милан Ристовски, фудбалерот на Ријека кој минатата сезона играше во Спартак Трнава. Тој е помалиот брат на заменик капитенот Стефан Ристовски.
Ангеловски кажа дека Милан, но и Јакнков и Чурлинов се нашата голема фудбалска перспектива, па затоа и биле повикани. И со право, сите тројца го заслужуваат повикот од страна на селекторот.
А Милан и Стефан БРАТСКИ на ЕУРО. Треба дополнително да се види низ историјата колку братски тандеми играле на едно вакво големо фудбалско натпреварување.
За нас ова е првпат, зошто и првпат играме на ЕП или СП.
Напред браќа Ристовски…