Металург го запиша третиот триумф во низа, вкупно четврти во плеј-офот и направи важен чекор кон местото кое води во Европа. Тимот од Автокоманда одново го совлада Е.Пелистер 2, овој пат на гостински терен со 31-34.
Во центарот на вниманието беше Златко Хорват, хрватскиот репрезентативец средбата ја заврши со 12 гола, зад него беше Калуѓеровиќ со шест погодоци. Петровиќ и Талевски со по осум гола беа најефикасни кај домаќинот.
Металург го контролираше мечот, по првото полувреме имаше водство од 15-19 (девет гола на Хорват), најглемото водство во овој дел беше 5-11. Во ист ритам го продолжи мечот по одморот, младите битолчани се обидуваа да го сменат текот на средбата, но тешко одеше. Единствено што успеваа е да дојдат на на два до три гола.
Со овие три бода Металург останува на четврото место на табелата со 14 бода зад Т.Пролет, додека битолчани немаат ниту една победа и се последни на табелата.