Шалке објави разделба со 10 фудбалери

330

Германскиот Шалке 04 од идната сезона ќе настапува во Втората Бундес лига откако не успеа да го сочува прволигашкиот статус. Клубот од Гелзенкирхен се сели во понизок ранг по хаотичната сезона во која покрај финансиски тешкотии се соочи и со недостиг на квалитетни фудбалери, плус тренерски смени што доведоа до лоши резултати.

Шалке утринава објави дека 10 играчи ќе си одат од клубот по последниот меч од сезоната во најсилната германска лига. Поранешниот фудбалер на ПСЖ Бенжамин Стамбули како и Бастијан Ошчипка заминуваат затоа што немаат договор за да настапуваат во втората лига. Договорите на Стивен Скржибски, Алесандро Шоф, Шкодран Мустафи и Набил Бенталеб истекуваа и нема да бидат продолжени.

Играчите кои се на позајмица Вилијам (Волсфбург), Гонзало Пасиенсија, Фредерик Ренов (двајцата од Ајтрахт Франкфурт) и Килијан Лудевиг (Салцбург) се враќаат во своите матични клубови.

Од клубот најавија дека можно е да има уште некое заминување.

ПретходноГотово е, има потпис: Лео Месо стана “ТОПЧИЈА“!
СледноБрегалница се раздели со Ѓорѓиевски и Мирчевски