Како што пишува угледниот „Њујорк тајмс“ ФИФА не била најискрена во осудата на Суперлигата. Имено американскиот весник пишува дека светската куќа на фудбалот имала состанок со оснивачите на ова натпреварување и ја поддржала идејата.
Во април 12 европски великани реши да „избега“ од УЕФА и да ја основа Суперлигата, но истата не живееше долго затоа англиските клубови попуштија по жестоката реакција на навивачите. Потоа се повлече и Атлетико Мадрид…
Претседателот Џани Инфантино наводно бил во овој проект и бил свесен за планот на клубовите. Овој фудбалски функционер го поддржал планот на супер клубовите да формираат Супер лига.
ФИФА подоцна објави соопштение дека не го поддржува новото натпреварување и дека ќе го казни секој учесник на Суперлигата. „Њујорк тајмс“ пишува и дека организаторите на Суперлигата биле шокирани поради тоа што останале без поддршката од ФИФА.