Ако не го сака Борусија (Д), Тотенхем има понуда за младиот тренер на „милионерите“

196

Човекот кој ја предводеше Борусија (Д) оваа сезона, Един Терзиќ би можел да го преземе Тотенхем ова лето, пишуваат германските и англиските медиуми.

Младиот 38-годишен стручњак, кој ја започна сезоната како помошник на Лусиен Фавре, може да ја почне новата сезона како менаџер во Лондон.

Тој доби можност да ги предводи „милионерите“ и максимално ја искористи, го освои Купот на Германија и сега се наведува дека има три понуди од Англија.

Поканата на Тотенхем има најсилен ефект, но го бараат и од Њукасл и од Кристал Палас.

ПретходноЖдрепката е на 15 јуни: Шкендија, Силекс, Шкупи и Струга ТЛ ќе ја претставуваат Македонија во Европа
СледноИОК: Ако Олимпијадата не се одржи оваа година, нема да биде одржана воопшто