Ангеловски: Знаеме со каков квалитет располагаме и ја поставив целта малку повисоко

661

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, денеска на прес-конференција го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за ЕП. Во изјавата пред новинарите тој истакна:

„Според ФИФА правилото, на 31 мај почнува терминот и клубовите можат да ги задржат фудбалерите кои имаат клупски обврски како Николов и Димитриевски до тој момент. Во комуникација сме со клубовите и ако има простор ќе ги ослободат и претходно. Среќен сум и горд што конечно дочекавме селектор да објавува список на играчи за ЕП, а тој селектор да сум јас. Овие момци многупати ја направија оваа земја горда и се надевам дека истото ќе се случи и на ЕП. Знаеме со каков квалитет располагаме и јас ја поставив високо целта, а тоа е дека можеме да се пласираме и во следната фаза. Ќе биде незаборавно искуство. Се обидуваме да останеме максимално сконцентрирани. Да бидеме сите заедно, како што сме биле и досега. Имаме самодоверба и мисмам дека ќе дадеме се од себе да стигнеме што повисоко“, вели Мрме.

За младите имиња во списокот додаде:

„Милан Ристовски, Чурлинов и Јанков се тука, затоа што мислам дека со својот квалитет заслужиле да бидат дел од А-селекцијата. Овие тројца се иднината на Македонија.“

ПретходноБез изненадувања: Ангеловски го објави списокот на играчи за ЕУРО!
СледноСо Казахстан на 4 јуни ќе биде “генералката“ пред ЕУРО!