Борха заврши со Кит Го и се враќа во првата лига

395

Колумбискиот интернационалец со Македонски пасош Александер Борха го заврши својот престој во второлигашот Кит Го и се враќа во прволигашката конкуренција. Тој во Пехчево замина по проблемите кои настанаа во Борец минатата зима, а сега откако одработи добра полусезона во Кит Го подготвен е за кам бек во најсилното фудбалско друштво.

„Му благодарам на Кит Го и на целиот колектив таму за укажаната шанса кога ми беше потребна. Мислам дека се оддолжив максимално и му посакувам среќа на клубот понатаму. Имам неколку опции на располагање и ќе ја одберам најдобрата за мене во моментов“ – изјави Борха за Спортмедиа.

 

ПретходноЛазаров: Немаше друго решение освен да бидам селектор на Македонија
СледноМарјан Маркоски се прости од судењето! (ФОТО)