Бутел Скопје остана во игра за Европа

295

Бутел Скопје го доби дуелот против Струга со убедливи 20-32 и остана во игра за местото кое води во Европа. Избраниците на Кристијан Грчевски имаат 14 бода исто колку и Металург кој се наоѓа на четвртото место на табелата во плеј-офот.

Скопскиот состав брзо го наметна својот ритам, поведе со 3-8, на одморот замина со плус шест (9-15), до крајот не дозволи изненадување.

Божиновски со седум гола беше прв стрелец кај Бутел Скопје, на другата страна Николиќ имаше пет.

ПретходноНант го преживеа пеколот во Веспрем: Лазаров го завери седмиот фајнл-фор во ЛШ
СледноДесетка на Димитријевиќ во триумфот на Хувентуд (ВИДЕО)