По само пет дена по финалето во Купот на Македонија, Е.Пелистер и Вардар 1961 влегуваат во нова пресметка. За најтрофејниот тим ова ќе биде шанса да дојде до нов пехар токму против најголемиот предизвикувач оваа сезона.
По убедливата победа на првата средба (35-27) во плеј-офот, стратегот Ствече Алушовски и неговите момци се на чекор до титулата. И во Автокоманда, Вардар 1961 покажа зошто е најдобар во македонскиот шампионат, за негово уривање треба многу повеќе од зборови, треба да се одигра перфектно, без грешка, во спротивно епилогот ќе биде ист како на претходните две средби.
Вардар 1961 на оваа средба ќе биде во ист состав кога станува збор за искусните ракометари, Кристијан Дисингер нема посериозни последици по падот на Куп-финалето. На другата страна пак Жељко Бабиќ има проблеми, неизвесен е Стипе Мандалиниќ.
Мечот е закажан со почеток во 18 часот.