И официјално Фреди Алварез, еден од најдобрите фудбалери на Шкупи во минатата сезона и во наредните две години ќе го носи дресот на нашиот вицепрвак. Како што официјално потврдуваат од таборот на Шкупи, клубот со интернационалецот од Костарика потпишал договор на две години.
Да потсетиме дека Фреди Алварез досега играше за Шкупи како позајмен фудбалер на Џикарал. Но договорот со костариканците е откупен па така сега извонредниот Алварез и официјално е играч само на Шкупи.
Ова е добра вест за стратегот на тимот Гоце Седлоски.