Десетка на Димитријевиќ во триумфот на Хувентуд (ВИДЕО)

628

Екипата на Хувентуд стигна до 20.победа во „Ендеса“ лигата на Шпанија. Вечерва, во Бадалона, Ненад Димитријевиќ и соиграчите беа многу подобри од екипата на Морабанк Андора (99:92) на едно коло до крајот на регуларниот дел.

Македонскиот репрезентативец одигра 17:03 минути и реализираше 10.поени (1/1 за три, 2/3 за два и 3/3 за еден поен), додаде и седум успешни додавања и два скока за тоа време поминато во игра.

Во последнкиот круг од првенството, Хувентуд игра против екипата на Билбао, по што следува доигрувањето за шампионската титула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Club Joventut Badalona (@penya1930)

ПретходноБутел Скопје остана во игра за Европа
СледноЈунајтед купува поранешен напаѓач на Ливерпул