ИОК: Ако Олимпијадата не се одржи оваа година, нема да биде одржана воопшто

111

Одлуката за тоа дали ова лето ќе се одржат Олимписките игри во Токио треба да се донесе пред крајот на јуни. Ова го потврдил Дик Паунд, еден од најдолговечните членови на Меѓународниот олимписки комитет, во онлајн интервју за јапонската национална новинска агенција.

„Пред крајот на јуни, навистина треба да се знае се. Прашањето е ќе има или нема воопшто да се одржат Игрите во Токио“, изјавил Паунд.

Тој дополнил дека нема опција за понатамошно одложување на игрите, затоа што по едногодишно одложување поради пандемијата со КОВИД-19 веќе нема простор за презакажување.

„Овие Игри или ќе се одржат сега, или се откажуваат. Трошоците за понатамошно одложување, што би паднале на Јапонија, би биле значителни и тоа никој нема да го прифати“, рекол Паунд.

ПретходноАко не го сака Борусија (Д), Тотенхем има понуда за младиот тренер на „милионерите“
Следно52-то издание на Илинденскиот кајак слалом се одржува викендов!