Интер и неговиот главен тренер Антонио Конте ќе бидат казнети за гестот на стратегот на „нероаѕурите“ за време на натпреварот од Купот на Италија против Јувентус.
Клубот и тренерот се казнети со по 2.000 евра поради тоа што по првото полувреме на реванш полуфиналниот натпревар, Конте им покажа среден прст на луѓето од раководството на торинскиот клуб.
Реванш полуфиналниот натпревар заврши со резултат 0:0, но поради победата на првиот меч од 2:1, Јувентус обезбеди финале.