Кирил Лазаров или Дејан Манасков, само еден од нив ќе биде на фајнл-фор завршница во Келн. Кој ќе успее да завери билет за Келн, ќе биде познато денеска (18:45 часот), Нант е гостин на Веспрем во рамките на реванш мечот во четвртфиналето во Лигата на шампиони.
Во предност е тимот на Лазаров. На првата средба францускиот тим одигра одлично, на ѕвездите на Веспрем им одржа вистинска лекција, па на реваншот влегува со позитива од четири гола (28-32).
Селекторот и капитенот на нашата најдобра репрезентација беше клучниот играч во серијата на Нант. Лазаров има големо искуство кога станува збор за ваквите мечеви, а доколку францускиот клуб успее да се завери билет за Ф4, за него ќе биде број седум. Трипати учествуваше со Барселона, по еднаш со Нант, Суидад Реал и Атлетико Мадрид.
На другата страна Манасков и Веспрем ќе бараат нов пласман во Келн и нова шанса за посакуваната титула. Последен пат во финалето на Ф4 играа во 2019 година, но тогаш Вардар дојде до тронот.
На втората средба, Барселона е домаќин на Мешков Брест. Каталонскиот гигант има позитива од четири гола.