„Кралот“ Лазаров од вечерва е светски уникат

18322

Кирил Лазаров и на 41. година продолжува да испишува историја во светот на спортот. Нашиот најдобар ракометар оваа сезона одново ја подигна летвичката, која дефинитивно е тешка да се стигне.

По бројните рекорди, од вечерва Лазаров стана светски уникат. Тој е првиот селектор кој ќе игра на една фајнл-фор завршница. Неговиот Нант успеа да ја одбрани позитивата од четири гола од првата средба, на реваншот кај Веспрем беше совладан со 32-30, пораз кој ги однесе на Ф4 во Келн.

До сега не се случило селектор на репрезентација да игра на една завршница не само во ракомет, туку и во кошарка, фудбал, па останатите спортови.

За Лазаров фајнл-форот во Келн ќе биде седми во кариерата, додека втор со Нант. Францускиот тим за првпат се пласираше во 2018 година, кога на тронот се искачи Монпеље, а учествуваа дури три тима од оваа земја, а Вардар беше бранител на титулата.

ПретходноСтигна првата конретна понуда за Алегри, но веднаш е одбиена
СледноМакедонецот Ѓорѓев го врати Грасхоперс во Првата лига!