Македонскиот ракометен селектор и воедно и капитен Кирил Лазаров во интервју за „Ouest-France“ детално објасни како се случи тој во еден момент да ја преземе улогата на селектор играч во репрезентацијата на Македонија. Лазаров и неговиот Нант, се во битка за влез на фајнал-форот од Лигата на Шампионите денеска, а противникот е Веспрем против кого имаат четири гола предност од првиот меч.
„По Мундијалот во Египет каде што загубивме многу натпревари ситуацијата во репрезентацијата не беше добра. Немаше решение, па јас добив понуда да станам селектор. Се разговараше на темата и заедно дојдовме до решение дека јас треба да ја преземам оваа функција. Разговарав и со првиот човек на Нант, тој ми даде зелено светло и така станав и официјално селектор на Македонија. Долго време сум капитен на Македонија, ги знам приликите, зедов со мене неколку асистенци, и фактот што ги познавам добро играчите во многу ми ја олесни работата“ – изјави Лазаров.