ПСЖ вчера во финалето на Купот на Франција го победи Монако со 2:1 и дојде до 14-тиот трофеј во ова натпреварување. “Светците“ беа подобри од Монако и на крајот заслужено се радуваа.
А дел од играчите на необичен начин ја прославија победа, пред се Преснел Кимпембе и Тимоти Пембеле.
Имено Кимпембе го фати за нозе својот соиграч и го влечеше по теренот кој беше покриен со хартиените украси кои се користеа за славењето.
Нивното славје беше забележано од страна на поголемиот дел на фановите на ПСЖ кои просто беа воодушевени.
— Out of context PSG (@OutPsg) May 20, 2021