Македонецот Ѓорѓев го врати Грасхоперс во Првата лига!

1804

По заслуга на Македонецот Никола Ѓорѓев, по две години играње во Втората лига на Швајцарија, Грасхоперс, најтрофејниот клуб во таа земја и официјално се врати во елитата. И тоа по вечерашната победа над Криенс со 2:1. Велиме по заслуга зошто Ѓорѓев, кој е и заменик капитена на тимот од Цирих, едноставно блескаше во целата сезона, а својата одлична форма ја потврди и вечерва со асистенција при вториот гол на својот тим.

Вечерва на Грасхоперс му требаше победа за првото место на табелата во Втората лига и да директно се избори за влез во елитата на Швајцарија. Ѓорѓев и другарите тоа го сторија а нашиот повремен репрезентативец има и тоа какви заслуги.

Инаку Ѓорѓев, кој во едно време важеше за еден од најталентираните наши фудбалери има пет настапи за А репрезентацијата, а беше дел и од У-21 репрезентацијата која играше на ЕП во Полска во 2017 година.

Сезонава за Грасхоперс играше на сите натпревари, постигна 7 голови а имаше и 9 асистенции.

Претходно„Кралот“ Лазаров од вечерва е светски уникат
СледноБарса моќно до Ф4 билетот