Марјан Маркоски се прости од судењето! (ФОТО)

295

Марјан Маркоски вчера, на финалето на Купот на Македонија, го имаше својот последен натпревар на кој беше судија. Поточно тој беше четврти судија на мечот меѓу А. Пандев и Силекс, на кој главен беше Александар Ставрев а Дејан Костадинов и Гоце Петрески помошници.

Значи Охриѓанецот, кој наназад речиси деценија и половина беше еден од најдобрите наши судии, вчера се прости од “свирката“.

По тој повод пред почетокот на финалниот меч, претставникот на Судиската организација, Алиерџан Хаџипази и во името на Фудбалската федерација на Македонија, со пригодна плакета исто така му се заблагодари на Маркоски за се она што тој го има направено во мак – фудбалот како судија.

ПретходноБорха заврши со Кит Го и се враќа во првата лига
СледноМладите битолчани без решение за Хорват и Калуѓеровиќ