Милан и Стефан Ристовски – БРАТСКИ на ЕУРО!

907

Ако е некое изненадување на списокот на Ангеловски за ЕУРО, тогаш веројатно тоа е Милан Ристовски, фудбалерот на Ријека кој минатата сезона играше во Спартак Трнава. Тој е помалиот брат на заменик капитенот Стефан Ристовски.

Ангеловски кажа дека Милан, но и Јакнков и Чурлинов се нашата голема фудбалска перспектива, па затоа и биле повикани. И со право, сите тројца го заслужуваат повикот од страна на селекторот.

А Милан и Стефан БРАТСКИ на ЕУРО. Треба дополнително да се види низ историјата колку братски тандеми играле на едно вакво големо фудбалско натпреварување.

За нас ова е првпат, зошто и првпат играме на ЕП или СП.

Напред браќа Ристовски…

ПретходноМрме за договорот со ФФМ: Во моментов размислувам само за ЕП
СледноСтигнаа новите дресови на Ливерпул (ФОТО)