Му заврши договорот: Јевтоски на излезна врата од Работнички!

589

По Петар Петковски, се чини и Стефан Јевтоски е на излезна врата од Работнички. На младиот играч за врска му истече двогодишниот договор со клубот од Градски парк, па така сега има намера својата кариера да ја продолжи надвор од Македонија. Како што дознаваме Јевтоски има неколку понуди, а која ќе ја прифати останува да се види.

Во меѓувреме во Работнички наголемо се прават планови за летниот преоден рок. Се контактира со повеќе играчи, со некои има постигнато начелен договор, само останува да се разрешат некои ситни детали.

Јасно е дека на Работнички, односно на тренерот Александар Влахо во наредната сезона силно ќе му недостига Лука Станковски, најдобриот играч на “романтичарите“ во минатата сезона. Мега – талентот на мак – фудбалот набргу ќе мора да се јави во Монца каде што ќе ја продолжи кариерата, а раководството на Работнички е во потрага по некој нов Лука Станковски.

ПретходноИнтер официјално добива нови сопственици
СледноВидеолотарија Касинос Австрија со ваучер донација во вредност од 50.000 евра за Академија Пандев