Немаа голман, па бранеше Енцо Перез и на крајот победија на меч од Копа Либертадорес

229

Аргентинскиот гигант Ривер Плата направи вистинско чудо и го совлада колумбиски Санта Фе со 2:1 во 5-тото коло на групната фаза на Копа Либертадорес.

Овој резултат не би бил изненадување доколку ситуацијата во Ривер беше нормална и доколку не беа без скоро комплетен тим на овој натпревар.

Само 11 играчи на аргентинскиот состав можеа да излезат на теренот, а меѓу нив немаше голман, па играчот за врска Енцо Перез (некогашен фудбалер на Бенфика и Валенсија) мораше да застане на голот.

Сепак, тоа не и пречеше на Ривер. Тимот што го започна натпреварот предводен од Перез на голот славеше и се доближи на чекор до пласман во нокаут-фазата на натпреварувањето.

Ривер влезе жестоко во натпреварот и по шест минути имаше предност од два гола. Англиери и Алварез погодија за 2:0 и целосен шок за гостите.

Санта Фе не можеше да стори скоро ништо, затоа што одбраната пред Перез беше гранитна. Сепак, гостите погодија во 73-та минута за конечни 2:1.

„Голманот“ Енцо Перез на крајот беше прогласен за играч на натпреварот и имаше неколку доста солидни интервенции за еден играч од средниот ред.

ПретходноПо освојувањето на пехарот: Да не биде и европско и второлигашко Кратово?
СледноЖдрепката е на 15 јуни: Шкендија, Силекс, Шкупи и Струга ТЛ ќе ја претставуваат Македонија во Европа