Нема Серија А за Николов и новиот тим на Лука Станковски!

822

За жал Боби Николов со Лече и Лука Станковски со Монца, во следната сезона ќе играат во Серија Б. Имено вечерва и Лече и новиот клуб на Станковски се поразени во плеј-офот за пласман во елитната лига на Италија, па така и двајцата Македонци ќе бидат во следната сезона дел од Серија Б. Николов во Лече дојде оваа зима а Станковски за неколку дена ќе им се приклучи на своите нови соиграчи во Монца.

Вечерва се играа реваншите во полуфиналето од плеј –офот во Серија А. Лече одигра дома само 1:1 со Венеција, и со вкупни 1:2 беше елиминиран. Николов беше стартер на овој натпревар.

Монца пак дома  славеше со 2:0 против Цитадела, но во првиот меч загуби со 0:3, па така сега во финалето се пласираа Венеција и Цитадела. Победникот следната сезона ќе игра во Серија А, а  лесно можеше да се случи Николов да игра финале против новиот тим на Лука Станковски.

ПретходноВицепрвакот го “врза“ Алварез со двегодишен договор!
СледноМбапе искрено за Бензема