Омар Гоудиаби ја одбележа пролетната полусезона во ПМФЛ, како во Пелистер така и во целата лига. Сенегалецот одигра фантастична пролет во зелениот дрес на битолчани и токму затоа тие скаат тој да остане во нивниот табор.
Да потсетиме дека Гоудиаби во Битола дојде во јануарскиот преоден рок и тоа на шест месеци како позајмен играч на Шкупи.
Па така неофицијално дознаваме дека Пелистер имал почетни разговори со Сенегалецот. Но исто така факт е дека клубот нема пари како за него така и за некои други засилувања.
СПОРТМЕДИА веќе пиша пред два дена во Пелистер главниот проблем е тоа што се нема финансии.
Инаку сега прашање е дали Гоудиаби ќе се врати во Шкупи и наредната сезона ќе игра за чаирчани или пак ќе потпише за некој друг клуб со оглед на бројните понуди кои деновиве пристигнуваат на негова адреса.