Петар Петковски пред потпис со Докса

739

Петар Петковски дефинитивно е решен следниот негов трансфер да биде надвор од мак фудбалот. Едноставно време му е на крилниот напаѓач да замине некаде во странство и да ја крене својата кариера на едно повисоко ниво.

Спортмедиа дознава дека Петковски има сериозна понуда да замине на Кипар односно да им се придружи на неговите некогашни соиграчи од Работнички Дамјан Шишковски односно Душко Трајчевски во екипата на Докса.

Шишковски и Трајчевски се веќе извесен период во овој клуб, оставаат одличен впечаток па секако дека управата на Докса не би имала ништо против да доведе уште еден играч со кој ќе го направи тимот уште посилен.

 

Претходно„Кралот“ Лазаров во „лов“ на седмата фајнл-фор завршница
СледноЛазаров: Немаше друго решение освен да бидам селектор на Македонија