Е.Пелистер конечно успеа да го собори Вардар 1961 оваа сезона, но победата од 29-25 не беше доволна за посакуваната цел – тронот во домашниот шампионат. Пехарот ќе оди кај „црвено-црните“, секако доколку не кикснат до крајот на првенството. Тие после девет кола во плеј-офот за првпат се поразени. Па сега двата тима имаат еднаков скор девет победи и пораз, но Вардар има подобар скор во меѓусебните пресметки.
Битолчани се покажаа во најдоброто светло во овосезонските пресметки со скопскиот состав, пред се благодарение на одличниот Хендави и неговите 16 интервенции. На другата страна избраниците на Стевче Алушовски, имаа краток блесок, па влегоа во криза од која не најдоа излез.
Од почетокот го наметнаа своето темпо, поведоа со 5-3, 6-4 и 7-5, притисокот беше кај домаќинот, бркаше негатива од седум гола. На другата страна „црвено-црните“ не искористија три одбрани во низа на Ристовски за израмнување.
Е.Пелистер дојде до предност од три гола (10-7 и 13-10), имаше и шанса за плус четири, но не ја искористи. Вардар со двата гола на Георгиевски и Дибиров на полувремето намали на 13-12.
Сликата на теренот се промени по одморот. Вардар 1961 за седум минути го сврте мечот, направи серија од 1-5 и поведе со 14-17 и 15-18. Битолчани не се откажаа, ги искористија подароците и со серија од 7-0 поведоа со 22-18 44. минута. Одново на теренот царуваше Хендави.
Кризата во редовите на Вардар траеше цели десет минути, Георгиевски погоди за 22-19. Но, не беше доволно.
Е.Пелистер се искачи на плус пет (24-19) на стартот на последните десет минути. Два гола (Дибиров и Чупиќ) го вратија на гостинскиот состав на 24-21. И покрај сите обиди, домашниот состав не успеа целосно да ја надополни негативата од Скопје.
Битолчани останува да бидат среќни бидејќи без Мараш и Манадалиниќ успеаја да дојдат до победата.
Е. Пелистер – Вардар 1961 29-25 (13-12)
Е.Пелистер: Хендави, Чаневски, Ојлески, Маркоски 2, Маџовски 1, Кукуловски, Кушан 4, Стјепановиќ 2, Радовиќ 7, Танкоски 3, Периќ 7, Костески 1, Чаневски, Кукоски 1, Петровски, Велковски 1, Ѓукиќ.
Вардар 1961: Ристовски, Кизиќ, Шеваљевиќ 2, Валчак, Јагуриновски, Стоилов 1, Георгиевски 5, Карапалевски, Дисингер 3, Јотиќ 3, Калараш, Чупиќ 5, Талески, Дибиров 6, Векиќ, Мишевски.