Сензационално: Меси би можел да потпише за Баерн Минхен!

454

На прв поглед неверојатно, па и сензацонално, но ако некој каже дека Меси би можел да се пресели во Германија, а тој некој е легендарниот Марио Кемпес, тогаш работите се менуваат.

И кога вече станува збор за Германија, тогаш и повеќе од јасно е дека само Баерн Минхен би бил адекватниот клуб за Меси.

Е, сега, дали Баерн Минхен би можел да се дзоволи такво нешто, не дека германскиот гигант нема пари, туку поради фактот дека “баварците“ не даваат како некои други клубови стотина милиони евра за отштета.

Добро за Баерн Минхен е тоа што Меси ако би дошол на “Алианц Арена“ тоа би го направил како слободен игра. Значи клубот од Минхен треба со Меси да разговара само за платата на сегашниот капитен на Барселона.

А таа изнесува нето 40 милиони евра годишно, барем толку зема Меси во Барса. Планот на Баерн е, ако веќе Левандовски си оди од клубот, тогаш Меси би чинел “само“ 20 милиони евра.

Се констатира дека тие пари германскиот клуб преку маркетинг брзо би ги вратил.

ПретходноКире Ристевски официјално во АЕЛ Лимасол
СледноИнтер официјално добива нови сопственици