Со Казахстан на 4 јуни ќе биде “генералката“ пред ЕУРО!

319

Покрај веќе закажаниот пријателски дуел со Словенија на 1 јуни, нашата репрезентација, пред настапот на ЕУРО, ќе одигра уште еден, и тоа со селекцијата на Казахстан. Всушност ова ќе биде “генералката“ пред ЕП. Овој меч ќе се игра во Скопје и тоа а 4 јуни.

Се чини сосема солиден ривал за еден ваков натпревар, на кој би требало да добијат минутажа сите оние на селекторот ќе смета на ЕУРО. Истото тоа важи и за мечот со Словенија.

Ова е според УЕФА, имено мора секоја репрезентација да одигра најмалку два пријателски меча пред ЕП.

Нашата селекцијата својот собир ќе го има на 25 мај.

За нас 13 јуни започнува ЕУРО со настапот против Австрија, потоа на 17 јуни со Украина, овие два меча се играат во Букурешт, додека на 21 јуни играме со Холандија во Амстердам. Тоа се тие три меча од групната фаза на ЕП.

ПретходноАнгеловски: Знаеме со каков квалитет располагаме и ја поставив целта малку повисоко
СледноМрме за договорот со ФФМ: Во моментов размислувам само за ЕП