Стигнаа новите дресови на Ливерпул (ФОТО)

382

Англискиот гигант и екс-шампион Ливерпул денеска ги престави новите дресови за сезоната 2021/22. Станува збор за дресовите во кои клубот ќе ги игра домашните натпревади.

Опремата на Најк ја преставија дефанзивецот Вирџил ван Дајк, напаѓачите Мохамед Салах и Садио Мане, како и играчот за врска Фабињо, голманот Алисон и други играчи.

Дресот е изработена во традиционална црвена боја, со портокалова јака и ленти на ракавите. На дресот има и дијагонални портокалови ленти. Новиот комплет ќе се најде во продажба на 3 јуни.

ПретходноМилан и Стефан Ристовски – БРАТСКИ на ЕУРО!
СледноИличиќ ги предводи Словенците во Скопје