Стигна првата конретна понуда за Алегри, но веднаш е одбиена

4004

Масимилијано Алгери веќе две години е без работа по отказот од Јувентус. Изминатиот период постојано е во центарот на вниманието се поврзува со многу тимови, веќе на големо се шпекулира дека ќе седне на клупата на Реал Мадрид. Неофицијално тој веќе имал разговор со Флорентино Перез и веќе дал „зелено светло.

Во меѓувреме на адресата на Алегри стигнала првата вистинска понуда, но истата била веднаш одбиена. „Тутоспорт“ објави дека Тотенхем го сакаат на чело на својот тим, тие му нудат тригодишен договор и плата од десет милиони евра по сезона.

Сепак оваа понуда веднаш била одбиена, Алегри не сака да биде тренер на Тотенхем, кој се наоѓа во тешка ситуација.

ПретходноЈунајтед купува поранешен напаѓач на Ливерпул
Следно„Кралот“ Лазаров од вечерва е светски уникат