Јунајтед купува поранешен напаѓач на Ливерпул

1278

Foto> Twitter

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и актуелен голгетер на Саутемптон Дани Ингс е новата трансферна цел на Оле Гунар Солскјер во нападот на Манчестер Јунајтед, пишуваат „Дејли Телеграф“ и „Дејли меил“. И покрај тоа што Единсон Кавани го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ на уште една сезона, Солскјер призна дека можно е летоска да биде донесен уште еден напаѓач.

28-годишниот Ингс има договор со „светците“ за уште една сезона, а двете страни не се договориле за продолжување на соработката.

Големата цел на Јунајтед е Хари Кејн, но се чини дека тоа ќе биде тешко изводлива варијанта од финансиска гледна точка. Ингс оваа сезона има 12 гола во Премиер лигата, а минатата ја заврши со 22 погодоци.

ПретходноДесетка на Димитријевиќ во триумфот на Хувентуд (ВИДЕО)
СледноСтигна првата конретна понуда за Алегри, но веднаш е одбиена