Њујорк тајмс тврди: ФИФА прво ја поддржала Суперлигата, па се премислила

319

Како што пишува угледниот „Њујорк тајмс“ ФИФА не била најискрена во осудата на Суперлигата. Имено американскиот весник пишува дека светската куќа на фудбалот имала состанок со оснивачите на ова натпреварување и ја поддржала идејата.

Во април 12 европски великани реши да „избега“ од УЕФА и да ја основа Суперлигата, но истата не живееше долго затоа англиските клубови попуштија по жестоката реакција на навивачите. Потоа се повлече и Атлетико Мадрид…

Претседателот Џани Инфантино наводно бил во овој проект и бил свесен за планот на клубовите. Овој фудбалски функционер го поддржал планот на супер клубовите да формираат Супер лига.

ФИФА подоцна објави соопштение дека не го поддржува новото натпреварување и дека ќе го казни секој учесник на Суперлигата. „Њујорк тајмс“ пишува и дека организаторите на Суперлигата биле шокирани поради тоа што останале без поддршката од ФИФА.

ПретходноПобедата за Е.Пелистер, титулата му се смешка на Вардар 1961 (ФОТО)
СледноЗошто се дозволи опуштање на Вардар во Битола?