Претстојниот викенд Матка и патеката која се наоѓа на ова прекраско место покрај Скопје, одново ќе биде во центарот на вниманието. Имено на 22-23 мај (сабота – недела) ќе се одржи 52-то издание на традиционалниот Илинденски кајак слалом Икас 2021.
Како што информираат организаторите, од вчера тренинзите на патеката на Матка започнаа. На самиот натпревар, по кој спортска Македонија нашироко е позната, ќе учествуваат вкупно 35 кајакари од Србија, БиХ, Хрватска, Грција, Турција, секако Македонија. А ќе се одвива се во рамките на строгите протоколи за Ковид-19.