„Ако Милер стане фудбалер јас ќе ги оставам копачките…“

1010

Томас Милер стана еден од најдобрите фудбалери на денешницата, а на почетокот на кариерата имало такви кои му предвидувале светла иднина, но имало и такви кои се сомневале дека тој може да стане врвен играч. Меѓу овие вторите е и Даниел Прањиќ, поранешниот хрватски репрезентативец и некогашен член на Баерн кој призна дека направил грешка во своето редвидување.

Прањиќ играше за Баерн од 2009 до 2012 година заедно со сонародникот Ивица Олиќ, но и тогаш младиот Томас Милер.

Ван Гал го ’извади’ од вториот тим и го стави во првиот. Игравме пријателски меч против нисколигаш и тогаш Милер прв пат влезе во соблекувалната. Нозете му беа толку тенки, не личеше на фудбалер. Му реков на Оли: ’Брате, кој е пак сега овој? Ако овој игра, јас ќе ги оставам копачките…’ Неверојатно. Томас секогаш се наоѓаше таму каде што треба. Него го сакаше топката. Има чувство. Не само во фудбалот туку и во други игри. Кога игравме карти тој не знае да изгуби. Картата го сака. Тој е роден под таква ѕвезда и крај на приказната. Во првиот момент си реков нема шанси овој да биде фудбалер и тука погрешив“, изјави Прањиќ.

ПретходноБрегалница се раздели со Ѓорѓиевски и Мирчевски
СледноПобедата за Е.Пелистер, титулата му се смешка на Вардар 1961 (ФОТО)