Бесар Гуџуфи: Ова е остварување на секој фудбалски сон, допрва ќе покажам колку можам

470

Еден од најдобрите млади Македонски фудбалери во моментов, Бесар Гуџуфи својата перспективна кариера ќе ја продолжи во големиот турски клуб Бешикташ. Ова за некогашниот младинец на Вардар, но последно и првотимец на Беласица секако дека е голем чекор во кариерата. Пред само една година беше дел од кадетско – младинскиот состав на Вардар, а сега е дел од еден од најголемите клубови во Европа.

„Се е како сон во моментов. Сеуште што се вели не сум свесен дека трансферот е готов, дека сум дел од Бешикташ веќе и дека ќе настапувам за вака голем клуб. Нормално дека сум среќен, како и не би бил. Ова е остварување на соништата за секој млад играч. На мене е сега да покажам што и колку можам, дека ова не е случајно и дека јас не сум туку така пристигнат во вака голем клуб. Некој верувал во мене и во моите квалитети и талент, на мене е да покажам дека не се излажал“, вели Гуџуфи за Спортмедиа.

Тој е сигурен дека се наоѓа на вистинското место, во иднина македонската јавност ќе се гордее со него.

„Како може да ми е во вака голем клуб. Прекрасно. Услови најдобри, за тренинг за живот за се. Ќе тренирам најпрво самостојно во прво време, а потоа ќе се прилкучам на екипата. Тоа не е никаков проблем, секако дека ми треба време и простор за адаптација. Едно е сигурно дека сум на вистинското место во вистинско време и ветувам пред целата македонска јавност дека ќе направам се за да успеам и сите во иднина да се гордеат со мене“, вели Гуџуфи од Истанбул.

ПретходноМладите битолчани без решение за Хорват и Калуѓеровиќ
СледноОва е единствен начин Премиерлигата да има пет претставника во ЛШ во наредната сезона!