Бутел Скопје го доби дуелот против Струга со убедливи 20-32 и остана во игра за местото кое води во Европа. Избраниците на Кристијан Грчевски имаат 14 бода исто колку и Металург кој се наоѓа на четвртото место на табелата во плеј-офот.
Скопскиот состав брзо го наметна својот ритам, поведе со 3-8, на одморот замина со плус шест (9-15), до крајот не дозволи изненадување.
Божиновски со седум гола беше прв стрелец кај Бутел Скопје, на другата страна Николиќ имаше пет.