Интер официјално добива нови сопственици

369

Америкаскиот инвестицики фонд „Оуктри Капитал“ ќе откупи 30% од акциите на италијанскиот гигант Интер кој во моментов е актуелен шампион во Серија А.

Акциите досега беа во сопственост на „Лион Рок Капитал“ од Хонг Конг, а за нив Американците ќе платат 275 милиони долари.

„Оуктри Капитал“ исто така е подготвен да му помогне на мнозинскиот сосптвеник на клубот кинеската групација Сунинг со кредит со кој ќе се надмине во моментов сериозната финансиска криза во која се наоѓа Интер.

Клубот минатава сезона пријави загуба од 100 милиони евра, а само на име на плати во клубот на годишно ниво се трошат 132 милиона. Пред неколку дена претседателот на клубот, Стивен Зианг јавно ги замоли играчи да се откажат од две плати со што клубот во моментов би заштедил 25 милиони евра. Играчите тоа го одбија.

Самата кинеска групација Сунинг има огромни финансиски проблеми, и веќе најави дека сака да го продаде мнозинскиот дел на акции кои ги има во Интер и кои се проценети на 900 милиони евра.

 

ПретходноСензационално: Меси би можел да потпише за Баерн Минхен!
СледноМу заврши договорот: Јевтоски на излезна врата од Работнички!