Македонскиот репрезентативец и интернационалец, Кире Ристевски официјално е нов член на тимот на АЕЛ Лимасол од Кипар. Денеска дефанзивецот и официјално го потпиша договоро со Кипарскиот лигаш кој е исклучително амбициозен, со одлични резултати во последно време, а ќе биде и дел од Европа ова лето.
Ристевски има зад себе одлично одиграна сезона во дресот на Ујпешт, а летово за него беа заинтересирани големк број на екипи од Унгарија, Труција и Кипар. Тој се одлучи за АЕЛ Лимасол каде ќе биде соиграч со Давор Здравковски, и каде што ќе има можност уште повеќе да напредува и да освојува трофеји. Ристевски токму на таков начин, со освоен трофеј во националниот куп на Унгарија и си замина од Ујпешт, а сега во мир ќе може да се подготви за она што следува. Вистинскиот предизвик за него и за неговите репрезентативни колеги, играње на Европското првенство. Кире, нека ти е со среќа.