Леброн со тројка ги однесе ЛА Лејкерс во плеј-оф, Вориорс одат на „поправен“ (ВИДЕО)

214

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во плеј-офот во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен го совладаа Голден Стејт со 103:100 во меч од плеј-ин разигрувањето. Вориорс ќе имаат шанса за поправен за пласман во плеј-офот, против Мемфис Гризлис, кој ги победи Сан Антонио Спарс со 100:96 во вториот натпревар од плеј-ин.

Во „Стејплс центарот“ имаше исклучително возбудлив дуел, а тројката на Леброн Џејмс го реши мечот на 59 секунди до крајот. „Кралот“ погоди од околу девет метри и успеа да го донесе триумфот за „езерџиите“.

Најдобар на теренот беше Ентони Дејвис со 25 поени и 12 скока, Леброн Џејмс постигна 22 поени. Како и обично, Стеф Кари ги предводеше Вориорс со 37 поени, 7 скока и 3 асистенции.

Лејкерси ќе играат со Феникс Санс во плеј-офот, а победникот од мечот Голден Стејт-Мемфис ќе се сретне со Јута.

ПретходноЛапорта кренал раце од Дембеле, летово оди на продажба
СледноБиг Сем најави заминување од кормилото на ВБА