Марјан Маркоски вчера, на финалето на Купот на Македонија, го имаше својот последен натпревар на кој беше судија. Поточно тој беше четврти судија на мечот меѓу А. Пандев и Силекс, на кој главен беше Александар Ставрев а Дејан Костадинов и Гоце Петрески помошници.
Значи Охриѓанецот, кој наназад речиси деценија и половина беше еден од најдобрите наши судии, вчера се прости од “свирката“.
По тој повод пред почетокот на финалниот меч, претставникот на Судиската организација, Алиерџан Хаџипази и во името на Фудбалската федерација на Македонија, со пригодна плакета исто така му се заблагодари на Маркоски за се она што тој го има направено во мак – фудбалот како судија.