Мбапе искрено за Бензема

575

Европското првенство почнува на 11 јуни, а многумина сметаат дека Франција е еден од најголемите фаворити за златниот медал.

На списокот на оваа репрезентација се најде и Карим Бензема и тоа после  шест години пауза. Неговиот кам-бек го израдува и Килијан Мбапе.

„Многу сум среќен што Бензема добив повик. Секогаш сакав да играм со најдобрите играчи. Нема многу фудбалери кои се подобри од Бензема, сигурно ќе биде од голема корист“, рече Мбапе и додаде:

„Игра за Реал повеќе од десет години. Знае што е притисок и има искуство да се носи со тоа“.

Бензема во дресот на Франција одигра 81 меча и запиша 27 погодоци. Оваа репрезентација ја чека пеколен распоред, игра во група со Германија, Португалија и Унгарија.

ФОТО: Мбапе/Твитер

ПретходноНема Серија А за Николов и новиот тим на Лука Станковски!
СледноПоранешен двоен шампион на МЛС продаден за 400 милиони долари