По освојувањето на пехарот: Да не биде и европско и второлигашко Кратово?

536

Силекс синоќа по подобро изведување на пеналите успеа да ја победи А. Пандев во финалето на Купот на Македонија и со тоа да го освои пехарот во нашето најмасовно спортско натпреварување. Со победата над струмичани, кратовци ја заверија визата за својот евро настап, и тоа во квалификациите во Конференциската лига ова лето. Голема беше радоста на сите во таборот на Силекс, од тренерот Симов, капитенот Тимовски, сите фудбалери па до раководството на клубот.

Сепак по мечот, онака искрено, што се вели меѓу зборови, не заборавија да истакнат дека на пехарот се горди, но дека за нив вистинското финале ќе биде во вторник, кога во баражот за опстанок во ПМФЛ се среќаваат со квалитетниот состав на Тиквеш.

Да не биде само и европско и второлигашко Кратово во ист момент. Барем така велат сите во Силекс, но во исто време се уверени дека и на тој меч ќе се даде максимумот како би се изборили опстанок и сезоната да се заврши на најдобар можен начин.

ПретходноКонте доби само парична казна за „средниот прст“ кон раководството на Јувентус
СледноНемаа голман, па бранеше Енцо Перез и на крајот победија на меч од Копа Либертадорес