Тренерот на Вулверхемптон Нуно Еспирито Санто ќе го напушти клубот по завршувањето на оваа сезона. Ова го потврдија англиските медиуми, а и самиот клуб.
Еспирито Санто е дел од Вулверхемптон од 2017 година и забележа исклучително добри резултати со клубот, затоа впрочем и се задржа толку многу во клубот.
Негова заслуга е влезот во Премиер лигата и етаблирањето за солиден прволигаш.