Агим Ибраими не застанува, гол број 14 сезонава

150

Македонскиот интернационалец Агим Ибраими повторно се најде во листата на стрелците овојпат за негова жал во поразот на Кукс на гостувањето кај Скендербеу.

Домашните рано поведоа со 2:0, а Ибраими успеа во вториот дел од мечот односно во 68. минута да намали на 2:1.

За Ибраими ова е гол број 14. оваа сезона, и со тоа застана само на погодок помалку од првиот стрелец во лигата инаку негов соиграч Нигерискиот интернационалец Фрајдеј кој има постигнато 15 гола.

За домашната екипа пак настапи голманот Беким Реџепи кој во последно време е стандарден на голот на Скендербеу.

 

ПретходноБаерн потврди, си одат Даглас Коста и Тиаго Дантас
СледноШкупи се ослободи од Региналдо