Аргентина го „суспендира“ фудбалот, „виси“ одржувањето на Копа Америка!

180

Претседателот на Аргентина Алберто Фернандез ги прекина сите фудбалски и спортски активности во државата поради се поголемиот замав на коронавирусот КОВИД-19. Во оваа јужноамериканска земја наместо да стивнува вирусот, тој се шири, па станува се потешко поради што властите во Аргентина и првиот човек на државата одлучија да ги прекинат сите спортски активности на 10 дена.
АФА се најде во проблеми не само поради што треба да го прекројува календарот туку треба да бара и нови термини за полуфиналните мечеви и финалето во Купот на Аргентина.
Сепак, ништо не е кажано за мечевите на аргентинските клубови во Копа Либертадорес и Копа Судамерикана идната недела. „Оле Кларин“ дознава дека мечевите од 6. коло од групната фаза ќе се одиграат според планот и без публика. Да кажеме дека пред неколку денови поради голем број на заразени Ривер играше со комбиниран состав, па дури немаше здрав голман

Ова доаѓа во моменти кога КОНКАКАФ зоната и го одзема домаќинството на Колумбија на Копа Америка и го додели на Аргентина. Но поради новонастанатата ситуација и доколку ескалира ситуацијата можно е суспензијата да биде продолжена што може да повлече и тоа Копа Америка да биде одложена.
Копа Америка треба да почне на 13 јуни.

ПретходноКуманово не се предава, му врати на МЗТ Скопје
СледноКипар беше само загревање: Македонија почна со победа во Сребрената лига