Екипата на Баерн Минхен предмалку официјално потврди дека летово од клубот си заминуваат двајца фудбалери.
Едниот е бразилецот Даглас Коста кој по Европската авантура се враќа во татковината и ќе игра за тимот на Гремио, од каде што и започна неговата фудбалска кариера, а вториот е младиот португалец Тиаго Дантас.
Тој во Баерн пристигна како позајмен фудбалер од Бенфика и не се снајде најдобро во Минхен, а настапи само на седум мечеви за Б тимот и на два за првиот тим.