Робин Кантегрел за жал ја немаше сезоната која ја посакуваше во Вардар 1961. По само една година францускиот голман се враќа во својата родна земја, со надеж дека ќе добие многу поголема минутажа.
Иако имаше договор за уште една сезона, сепак си заминува од Скопје. Новата дестинација на Кантегрел ќе биде Тулуз каде ќе остане две години.
Вардар останува само со еден голман. Марко Кизиќ се сели во Битола, па засега за наредната сезона е сигурен само Борко Ристовски. Во овој момент во СЦ „Јане Сандански“ на проба е чувар на мрежа од Кувајт. Станува збор за Али Сафар, кој е дел од националниот тим на својата земја.
ФОТО: Вардар/Денис Дуковски