Дали играчите на Вардар имаат поинакво мислење од Михајловски?

2383

Македонската јавност, а најмногу фановите на Вардар 1961 копнеат по времињата кои не се многу далечни. Успехот на македонскиот тим во Лигата на шампионите, двете освоени титули и неверојатните партии против големи европски имиња, очекувано ја изместуваат реалната перцепција токму на навивачите.

Вардар 1961 веќе не е истиот, ја немаа онаа сила како пред две години. Не е проблем пандемијата коронавирус, туку моменталниот состав . Никој не сака да ги потцени, ниту навреди играчите кои го носат „црвено-црниот“ дрес, но за силен и европски Вардар треба многу повеќе.

Вината за немоќта на европска сцена многумина ја бараат кај тренерот. Во јавноста се прозива името на Стевче Алушовски. Но, вистинското прашање е дали навистина е до овој стратег?

Одговорот е едноставен. Во овој момент ниту едно тренерско име не може да ги врати старите денови, вака размислуваат поголем дел од играчите на Вардар, кој се реални.

Во таборот на „црвено-црните“ размислувањето околу тренерска смена е различно од она на Михајло Михајловски. Иако првиот човек на Вардар се нема официјално огласено по ова прашање и за СПОРТМЕДИА најави дека работите во тимот ќе биде појасни по вчерашната средба со Е.Пелистер (која неговиите момци ја изгубија, но се најдоа на чекор до титулата), сепак е јасно дека Алушовски ја нема довербата. Тренерот на Вардар најави заминување, но играчите се против оваа одлука.

Оние најискусните посакуваат тој да остане на клупата, оти во овој момент ситуацијата не може да се промени. Вардар со овој состав или составот за следната сезона нема сили за повеќе. Колку и да боли – ова е максимумот.

Сепак последниот збор ќе го има првиот човек на Вардар. Дали Веселин Вујовиќ или некој друг ќе дојде на чело на тимот или пак ќе остане Алушовски, ќе биде познато допрва.

ПретходноИ Драшко Ѓорѓевиќ на излезна врата од „Градски парк“
СледноПознати се финалистите за МВП признанието во НБА-лига