Еуро Никел во Гостивар завери полуфинале

106

Еуро Никел се пласираше прв во полуфиналето во плеј-офот, откако по вторпат го совлада Гостивар, овој пат на гостински терен со 68-74.

Кавадарчани добро влегоа на мечот, по првата четвртина имаа позитива од седум коша (12-19).Во 13. минута со тројката на Перовиќ поведоа и со двоцифрени 14-24.

Гостивар врати со серија од 6-0, намали на 20-24. Избраниците на Горан Самараџиев до последните две минути од овој период држеа ритам, но домашниот состав успеа да израмни на 34-34. Мечот влезе во неизвесна битка, по третата четвртина беше 53-54.

Со шест поени на Соколов и два на Рикиќ, Еуро Никел поведе со 55-62 во 33. минута. Кавадарчани одржуваа водство од четири до пет коша, во последните 60 секунди Мијатовиќ постигна важна тројка за 62-71.Г остивар се обиде со тројки да го сврти мечот, но не успеа.

Александар Костоски беше прво име кај домаќините со 15 поени и 7 асистенции, Данило Мијатовиќ беше предводник на Еуро Никел со 18 поени, 14 поени и 7 асистенции имаше Дарко Соколов, до 14 поени дојде и Никола Караколев.

Во полуфиналето Еуро Никел ќе игра против подобриот од Работнички и ТФТ.

ПретходноШкупи се ослободи од Региналдо
СледноПелистер фуриозно до 2-0, Академија ФМП без шанса